Со оглед на тоа колку текст имам да пишувам, мислам дека за Гуц беше добро.
Се случуваа многу настани, многу реновирања, многу нови работи...
Па, да си почнам со ред...
Првите реновирања со сопствени сили (и раце)
На почетокот од 2009 година, за време на зимскиот распуст во нашето училиште пристигнаа новите клупи за компјутери. Во најголемиот студ и снег, немајќи кој да помогне, самите професори ги растоварија клупите. Тоа предизвика потреба од целосна прераспределба на класовите по училници, сместување на новите клупи, расход на старите, инсталација на компјутерите... За тоа помогнаа учениците кои си го скратија распустот и работеа неколку дена. Па, од старите училни со распаднат и искршен инвентар...добивме училни со нов и модерен лик.
Во седум училни каде беа најоштетени подовите се стави ламинат, а на приземјето во сите училни учениците на практична настава ги поправија и бојадисаа ѕидовите и радијаторите.
Голем дел од практичната настава почна да се реализира во училиштето (на задоволство на учениците кои до тогаш немаа допрено мистрија, не знаеја да замешаат малтер итн.); па почнаа да се средуваат ѕидови во ходниците:
да се ѕидаат нови ѕидови Надворешната барака се расчисти, бојадиса и среди, па сега може да се издава под кирија. Најруинираната училница целосно се реновираше: се средија ѕидовите, се стави ламинат, се тргна стариот искршен вграден плакар и таму се сместија од Проектот за модернизација набавените маси, столови и техничка опрема. Па, таа училна стана мултимедијална (со компјутер, ДВД со опкружувачки звук, ЛЦД проектор) за потребите на наставните и воннаставните активности.Сега таму учениците гледаат филмови, пратат презентации, таму се одржуваат работилници, семинари, часови за веб-дизајн итн.Исто така, во најфреквентниот ходник, пред наставничката канцеларија, каде често професорите и родителите се сопнуваа од поткршените винфлекс плочки, се стави ламинат.И во наставничката канцеларија се тргна дводеценискиот теписон преполн прашина и се стави ламинат.
Нерепрезентативните прастари канцеларии на директорите со малку средства се потсредија за да не бидат срам пред посетителите.
Сите активи добија свои кабинети каде ќе можат да си ги оставаат нагледните средства и другите потребни работи. Речиси сите со задоволство почнаа самостојно да си ги средуваат и дотеруваат и да вложуваат сопствени средства за тие катчиња каде минуваат доста време.Зелено, зелено
Годинава за време на двете акции за пошумување на Македонија ние земавме активно учество.
Во март гости ни беа неколку естрадни личности кои посадија дрвца во нашиот двор,
а нашите ученици со автобуси (и во март и во ноември) масовно отидоа на Ајватовски Рид.
Училишниот двор и училиштето постојано се раззеленува:
Ботаничката секција работи со полна пареа: расадува, пресадува и одгледува цвеќиња за секаква намена. Пред се за разубавување на училишната средина, но и за продажба во хуманитарни цели.
Големо летно реновирање
Нашето училиште е од најстарите училишта во Македонија, а згора на тоа и најголемото по квадратура. За жал, до сега воопшто не било реновирано и условите за поминување половина ден во него беа речиси невозможни.
Затоа, летово некои работи се реновираа од корен.
Влезниот хол со површина од над 500 м2:
Гардеробите во внатрешната сала
кои пропуштаа влага поради тоа што над нив немаше кровна конструкција. Од рамната плоча се исчисти огромно количество ѓубре, се санира и изолира, а одозгора се стави кров.
Тоалетите кои можеа да бидат извор на зараза и кои учениците ги користеа само во крајна нужда, на приземјето и во новото крило се реновираа целосно:
Во поглед на градежните работи, оваа година се направи многу, но остана и уште многу да се прави. Се надеваме дека во текот на наредната година сите останати тоалети ќе успееме да ги реновираме (а и уште многу други работи).
Хуманитарни акции
Со желба да им помогнеме на оние кому најмногу им треба помош, оваа година во нашето училиште организиравме неколку хуманитарни акции.
Првата беше Осмомартовскиот базар за кој учениците сами подготвуваа разни предмети за продажба: накит, вазни, чанти и се што е соодветно за празникот на жените.
Хепенингот се одржа во училишниот двор со учество на пејачи, модна ревија за накит и настапот на учесниците на Струмичкиот карневал.Потоа следуваше Предвелигденскиот хепенинг за кој најмногу помогнаа мајките и бабите (и професорките) со своите пити и колачи.
Парите собрани од двата хепенинга беа наменети за операции на дечиња.
Следното случување беше во соработка со СОС Детското село.
Претставата „Шмизла“ со која учествувавме на МАССУМ натпреварите ја искористивме и ја поставивме на сцената на МКЦ, а со собраните средства им купивме на децата тоа што им беше потребно.Подароците ги однесовме во Селото кога не поканија на јубилеен празник и приредба.И, последниот таков настан оваа година беше за Денот на гладните и смртта на Тоше.
Во училиштето направивме куса приредба посветена на Тоше и гладните деца. Од сите класови се собираа пакети со сува храна кои потоа ги однесовме во Црвениот крст на Македонија.
Презентации, приредби, натпревари
Уште на почетокот на годината, со помош на учениците, го сменивме логото на училиштето барајќи нешто понеутрално, бидејќи претходното беше премногу врзано со стручниот дел.
Потоа направивме меморандуми, сопствени фактури и други документи кои не постоеја во училиштето. Застарените статистики ги прилагодивме на потребите.
Се направи нов рекламен флаер како и ЦД со презентација на училиштето кои се делеа во основните училишта.
Старата Годишна програма целосно ја преработивме, ја лектуриравме и технички одлично ја спакувавме. Затоа за неа добивме највисоки оценки од Градот. (За жал, до сега таа беше само фотокопирање на претходните со спојување на најразлични страници со најразлични фонтови на букви - збир од се и сешто. Сега за првпат таа чини една целина.)
Во мај, голем број тимови од професори вршеа презентација во основните училишта, а во нашето училиште имаше Отворен ден. Сите струки се претставија на своите штандови:
На крајот од учебната година, секој актив имаше можност да се пофали што сработел во изминатиот период. Во салата за состаноци сите ги презентираа своите успеси.И приредбите претставуваат еден вид презентација. На сите претходни настани имаше и своевидни приредби. Но, за патронатот приредбата беше најсвечена. Имавме многу гости од страна, а почесен гостин беше внукот на нашиот патрон Здравко Цветковски.Четирипати оваа година бевме учесници во Ѕвон...
На крајот од учебната година, секој актив имаше можност да се пофали што сработел во изминатиот период. Во салата за состаноци сите ги презентираа своите успеси.И приредбите претставуваат еден вид презентација. На сите претходни настани имаше и своевидни приредби. Но, за патронатот приредбата беше најсвечена. Имавме многу гости од страна, а почесен гостин беше внукот на нашиот патрон Здравко Цветковски.Четирипати оваа година бевме учесници во Ѕвон...
На натпреварите на МАССУМ постигнавме голем успех.Училишниот бенд освои прво место, маркетинг планот и уредениот штанд освоија второ место, а трето место освоивме во фудбалските натпревари и со претставата „Шмизла“.
Покрај забавата и уживањето во атмосферата, голема радост ни донесе и првото место во нашата категорија на Струмичкиот карневал.Пред крајот на годината, нашиот уметник, Глигор Васков имаше изложба во Чифте амамот.Во текот на годината се одржуваа бројни обуки, семинари и интерни натпревари.
Соработки
Со претставници од италијански училишта, преку италијанската амбасадорка со која постојано комуницира професорката по италијански Дијана Виденовиќ, станавме први членови на европскиот Проект за мир.
Постетата на Италијаните беше работна, но успеавме домаќински да ги пречекаме и малку да ги прошетаме низ Скопје.
Соработката, пак, со белградската Трета женска гимназија, ја обновивме и поканивме група ученички да бидат наши гости една недела. Гостинките ги сместивме во домови на наши ученички, а цела недела уживавме во дружењето.
Им го претставивме нашето училиште, им вршевме презентација на Македонија (од географија, историја, знаменитоси и сл. во медијалната училница подготвени специјално за таа намена од заменикот директор) и ги прошетавме.
Прво, еден ден во Скопје,друг ден во Маврово, по течението на Радика, во рудникот на Кнауф, Дебар, во манастирите Рајчица и Св. Јован Бигорски,и, се разбира, еден ден ги однесовме во Охрид.Пред крајот на годината имавме посета од Министерот за информатичко општество и Градоначалникот на Скопје кои се интересираа за користењето на компјутерите во наставата, како и за употребата на лап-топовите кои ги добија професорите.
Екскурзии
Во мај, со учениците бевме на еднодневна екскурзија во северо-источна Македонија. Поточно, се качивме на Кокинојадевме и шетавме низ Кратово,и уживавме во прекрасните камени кукли во Куклици. Учениците од трета и четврта година беа на четиридневна екскурзија во Белград и Нови Сад... А професорите во Штип и Струмица... Водоча
Прво, за волку текст треба некој да има живци. БРАВО! Второ, и се е вистина, нема што - секоја чест. Од ‘рѓа - злато. (ама 70% во ваша чест мислам). Не е битно важно е дека беше супер и многу забавно. Во 2010 дај Боже да биде уште позабавно и поинтересно. поздрав
ReplyDeleteАмор, алал нек ти је со зборојве. Убо си ги напишала. А ти море Ориганка си? (па Вие почнавте „шчо“... Се шалам, знам деа не сте од Охрид). Поздрав до тебе од мене.
ReplyDeleteВо „хуманитарни акции“ кај СОС детското село не му се предолги панталоните на професорот по македонски јазик и литература Проф.Стево Павловски? Ама искрено...
ReplyDelete