(Честит именден, господине Премиере)
Викендов, почнувајќи од петокот напладне, се беше во знакот на прославата.
Кај нас во училиште празнична атмосфера, се средено, накитено, дотерано.
Не посетија Министерот за информатичко општество и Градоначалникот на Скопје. Им демонстриравме како ги користиме компјутерите во наставата, и како започнуваме да ги користиме лап-топовите.
Во секој случај, беше интересно, раздвижено, различно од другите денови.
Вечерта, уште поубава... Плоштад, народ, прослава... го дочекувавме 19. декември, Св. Никола, именденот на Премиерот, и конечното отварање на нашите граници.
Настапуваа сите македонски ѕвезди, и иако беше многу студено, плоштадот беше преполн.
Два часа пееше Здравко Чолиќ, и со него влеговме во светот, односно дочекавме полноќ... огномет, а потоа за мене најубавиот дел - журка, журка.
Фет бој слим растури, екстра беше...
Саботата... ден за слави...
гравче, посни сарми, риба и вино...
гравче, посни сарми, риба и вино...
гравче, посни сарми, риба и вино...
кај, едни, кај други, кај трети...
А кога некому ќе му тргне стварно му оди. Специјално за Св. Никола (бела брада) почна и снег да паѓа. (Малку направи хаос во сообраќајот, ама убаво беше).
Сликав додека возев, движејќи се 5 на саат.
А, во Ѓорче, среден век - 7 саати нема струја. Само блицот од апаратот во мојот двор.
Дома грч. Набрзина уште едно вино, ама не се седи на свеќи, студи. Па, затоа пак на гости, пак на слава, пак гравче, посни сарми, риба и вино...
Неделава, патерица, само мој Арни тажно гледа кога ќе завршиме за и тој нешто да ќари.
Увааааааааааааааавина.
ReplyDeleteЛеле крапот... А сармите па... Само ме интересира, кој е мајсторот? Алал нека му е! Мхмхмхмхмхмхмх...
ReplyDelete