6.12.09

Македонија - земја на мозаиците

Многу често ми се случува без да прочитам некаде, без да го сретнам како податок - да дојдам до некое сознание (кое, значи, не е потврдено) и тоа сознание да го сфатам како „моја вистина“. Ова си го објаснувам со фактот што јас постојано сум опкружена со разни податоци и информации, но во определен момент, веројатно поттикната од нешто - доаѓам до сознанието.
Ние, Македонците, забораваме каде живееме и со што сме опкружени бидејќи тоа е наше секојдневно опкружување. Антиката и современото се испреплетени на секој чекор. Само во Скопје ние секојдневно се сопнуваме од неолитски, антички, ранохристијански и секакви населби, а така е и низ цела Македонија. Нас не не вознемирува нешто што е старо 5-6000 илјади години, а за оние илјадагодишните сметаме дека се најнормални и новички. Што е за нас, на пример, Нерези? Секојдневие! 1000 години, пих!
Но, да се вратам на вчерашното сознание. Си разгледував некои мои фотографии што сум ги правела во Стоби, Хераклеа, Плаошник и сл. И одеднаш сфаќам дека најмногу внимание сум им посветила на мозаиците. Тие навистина ме воодушевуваат. Тие се нештото што го восприемам како познато, како наше, нешто што и денес многу се употребува.
На секоја нова значајна градба, ако сакаме да и придадеме значење, ние и ставаме мозаик. Во светот китат со злато и сребро - ние китиме со мозаици.
На пр.:
Пелинце...


Спомен костурницата во Велес...
Мозаиците во Кавадарци...


Во новите цркви...


Новите мозаици во претседателската вила...


итн.,итн.
Е, и тука ми светна - мозаиците мора да се македонска работа!
И, навистина со што подобро може да ја споредиме Македонија ако не со мозаик. Таа отсекогаш била местото на вкрстените патишта, каде живееле, поминувале и останувале разни племиња, народи и култури. Македонија е склопен мозаик од сето тоа. А и карактерот на Македонецот ми личи на составувачот на мозаици. За да се направи мозикот треба многу труд, многу време, многу трпение - но на крајот тоа се исплатува со прекрасната слика која се добива.
За да се преиспитам, дали сум во право или не, почнав да се присетувам на мозаиците кои ми се познати, што сум ги видела лично, на слики, на интернет. Не сум забележала дека кај нашиот јужен сосед од антиката има мозаици, освен се разбира, ако Пела и Солун ги сметате за нивни.

Всушност и најстарите мозаици се најверојатно тие...,

оние во Солун...

и во Пела...

Совршенството на овие мозаици јасно покажува дека таа уметност на македонското тло веќе била усовршена.

Пред Филип Втори, ниту во Египет, ниту во Персија, ниту во Индија, ниту во Кина и никаде во светот немало мозици.

Најмногу мозаици се прават во римскиот период, и можеби затоа тие најчесто се дефинираат како римска уметност, но мислам дека е очигледно од каде е нивното потекло, зашто Филип и Александар не биле Римјани. А дека мозаикот не е уметност на НЈС („Грција“) е сосема очигледно, бидејќи јужно од Олимп во антиката такво нешто не постои.

А во Македонија традицијата продолжила,

во Хераклеа, градот основан од Филип...во Стоби...

Плаошник...



Ми се чини дека единствената разлика од тогашните и денешните жители на Македонија е во тоа што тогаш не им било, а сега им е жал да ги газат мозаиците. Односно, во минатото, со мозаици се декорирале подовите, а денес ѕидовите.

2 comments:

  1. Да, ова со мозаициве е прилично интересна работа, оти стварно изгледа дека во Елада немало мозаици ич и дека првите мозаици во Европа се токму во палатата на Филип правени.

    Се разбира, потоа таа мода се проширила низ целиот цивилизиран свет.

    Имало „мозаици“ и пред нас, во старата Месопотамија, ама тие не биле ни приближно толку фини со ситни камчиња, ами огромни со тули правени, ептен од далеку да ги гледаш. Или пак ако биле со ситни камчиња - немало слика од нив направено, ами само некои прости геометриски шари.

    Велам, многу чудно ми е што никој од нашите експерти не се зафати со тоа да го објасни: мозаиците во „хеленистичкиот“ период ги наоѓаме и кај треба и кај не треба (ептен многу биле популарни) а мозаикот нема никаква врска со Елините, ами е чисто македонска работа.

    И по кој основ тогаш се мозаиците „хеленистички“?

    Ако ги споредиш и скулптурите од „хеленизмот“ и од Елада - ќе се чудиш што воопшто тие два апсолутно различни стилови имаат заедничко.

    ReplyDelete
  2. Сум ги ѕирнала тие од Месопотамија, и тие не можам да ги наречам мозаици во вистинската смисла на зборот (повеќе се рељефни глинени претстави), а за експертите ти најубаво си знаеш - нарекувајќи ги експертутки - се е кажано!

    ReplyDelete