13.9.10

Патување низ Македонија - Бистра

Во Маврово изгледа се е бистро – езерото, реките – планината, воздухот, а кога ќе отидеш таму дури и мислите ти се разбиструваат.
Порано мислев дека Бистра е интересна само зиме, за скијање – додека не отидов летно време и да се убедам во спротивното. Кога е зима – снегот и белината ги ублажуваат облиците, боите, живоста. Лете, мислам дека се доживува вистинскиот впечаток – дека сте се качиле близу до облаците – но дека сепак сте на рамно, широко, како целата светска ширина да се отворила пред вас. Јас се почувствував многу малечка и безначајна во однос на таа величина – на планините, на небото и на бескрајот. А да не кажувам за мирисот и воздухот – камо да можам секогаш да го чувствувам.
Нема зборови за Бистра, освен: убавина, убавина, убавина!!!

Ама бидејќи не можам да им одолеам и на зимските пејзажи, еве некои слики од ски-центарот „Заре Лазаревски“ – Бистра.

No comments:

Post a Comment