26.9.10

Патување низ Македонија - Вевчани (Етно куќа - Кутмичевица)

Во Вевчани има неколку места каде може да се сместите за многу пристојни цени - а таму ви се нуди се - автентичен амбиент, храна од која мора да качите некое кило и современи удобности - фрижидер, климатизер, сателитска телевизија, интернет...
Етно куќата Кутмичевица е едно од тие места. Поткачена кон изворите, со прекрасен поглед кон Струга и Езерото, домаќините ја уредиле куќата внимавајќи на секој детаљ. Собите го зачувале здивот на минатото и отседнувајќи таму се чувствував како да сум на некое чудесно место - во некое друго време. 
Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

И во дворот, се е направено со вкус, а сите стари предмети се зачувани и ненаметливо искористени за декорација... Преубаво... Ако не сте биле, вреди да одите.
Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

Вевчани Етно куќа - Vevcani

2 comments:

  1. Знаеш ли дека името Кутмичевица доаѓа од името Кадмо.

    Кадмо бил во антиката некој митолошки (или барем полу-митолошки) јунак кој според еден мит за него основал владетелска династија во регионот околу Охридското Езеро и по тие негови потомци кои владееле во тој регион, во антиката и во средниот век тој регион се викал Кутмичевица.

    Кадмо т.е. Кадмос инаку е грчкиот назив за овој човек кој можеби се викал во оригинал поинаку.

    Cadmus' name is of uncertain etymology.[8] It has been connected to Semitic qdm "the east" and Greek kekasmai (<*kekadmai) "to shine". Robert Beekes rejects these derivations and considers it "pre-Greek".[9]

    http://en.wikipedia.org/wiki/Cadmus

    ReplyDelete
  2. Знам за Кадмо и знам за Кутмичевица - а дека областа така се викала заради него не ми беше познато и никогаш не сум го поврзала едното со другото. Малку преоддалечени ми изгледаа зборовите, ама кога си ги споредив корените „кадм“ и „кутм“ - ми се приближија :) И плус навистина, којзнае каков бил оригиналниот изговор на Кадмо...
    Фала за просветлувањето :)

    ReplyDelete