25.9.10

Патување низ Македонија - Глобочица - Црн Дрим (јагула)

Дебарско Езеро
Дебарското Езеро од едната страна се полни со водите на Радика, а од другата со водите на реката Црн Дрим. 
Нему преку реката му се надоврзува акумулацијата Глобочица. Природата и тука пленува со својата убавина. Езерото Глобочица има долгнавеста и неправилна форма, всушност водата е само заробена како во широко речно корито меѓу високите планини и иако е вештачка акумулација делува многу природно и убаво. 

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica

Глобочица - Globocica
Глобочица - Globocica

Одејќи во спротивен правец на течението – доаѓаме до изворот на Црн Дрим во Струга. Истекувањето на реката од Охридското Езеро само по себе претставува атракција и природен феномен. 
Црн Дрим Струга - Crn Drim
Црн Дрим Струга - Crn Drim
Струга - Struga


Црн Дрим Струга - Crn Drim

Црн Дрим Струга - Crn Drim

Струга - Struga

Струга - Struga

Струга - Struga



Црн Дрим Струга - Crn Drim

Црн Дрим Струга - Crn Drim

Црн Дрим Струга - Crn Drim

Црн Дрим Струга - Crn Drim

Црн Дрим Струга - Crn Drim

Црн Дрим Струга - Crn Drim

Црн Дрим Струга - Crn Drim

Црн Дрим Струга - Crn Drim

Црн Дрим Струга - Crn Drim



Црн Дрим Струга - Crn Drim


Несигурниот дрвен мост е забранет за премин, но сепак сите минуваат низ него, а ако се појават кајакари кои тука вежбаат како на брзак, мостот се претоварува од сеирџии.
Тука, заради убавината на просторот и заради браќата Миладиновци кои се стружани, секоја година се одржуваат Струшките вечери на поезијата.
Но, сепак најинтересна е приказната за охридската јагула. Градот Струга во антиката се викал Енхалон – што значело јагула и можеби тоа би било најправилното име за да се предизвика љубопитството на жителите и посетителите.
Приказната за јагулите е толку интересна што секој човек би требало да ја знае, па затоа ќе направам мала дигресија...
Тие долгнавести суштества, современици на диносаурисите успеале да преживеат до денешен ден – а за своето преживување да поминуваат илјадници километри.
Јагулите своите икри ги положуваат во топлите води на Саргаското Море, на голема длабочина од 500 до 1000 метри.
Саргаското Море се наоѓа на сред Атлантикот, не е опкружено со копно, туку со морски струи – Голфската на север, Канарската на исток, Екваторијалната на југ и Карипската и Флоридската на запад. Морето е преполно со алги и многу непристапно за истражување.
Мажјаците ја оплодуваат икрата и по извршената мисија умираат. Оплодените јајца слободно пливаат и се издигнуваат на површината станувајќи ларви. Тука започнува нивниот пат препуштен на морските струи. Мал дел оди кон американското копно, но поголемиот дел е зафатен од Голфската струја која ги води кон Европа. Патувањето трае три години, а за тоа време тие се преобразуваат во стаклести јагули. Тогаш тие се уште се полово недефинирани, хермафродитни. Оние што имаат предиспозиција да станат женки влегуваат во слатките води на реките, другите остануваат во морето, мажјаците, и ги чекаат своите женки полово да созреат и заедно да се вратат во Саргаското Море. Всушност слатката и студена вода е таа што го менува полот и ги прави јагулите да станат женки. (Ова е потврдено и со експерименти.)
Женките стануваат полово зрели на десетгодишна возраст и тогаш започнува нивниот пат назад. Тежок пат, бидејќи е спроти течението на струјата, но вреден – зашто значи продолжување на видот. Луѓето се фасцинирани од овој прастар вид кој успеал да се одржи, а многу истражувачи и научници нивното далечно патување го поврзуваат со Атлантида.
Кај нас, за жал, со градење на акумулациите и хидроцентралите патот на јагулата до Охридското Езеро е попречуван, но таа сепак стига иако во многу помал број.

No comments:

Post a Comment