 |
Охрид - Ohrid |
Иако има прекрасни места во Македонија, сепак Охрид се смета за бисер. И со право. Езерото, градот, градската архитектура, шеталиштето, многубројните цркви и манастири, археолошките наоѓалишта, плажите, ридовите, планините во околината, изворите... сè е прекрасно.
За жал, и без навреда, ама во секоја шега има половина вистина, па и во оваа:
Кога Господ го создавал светот направил многу убавини, но до него постојано бил ѓаволот кој го молел да му дозволи барем нешто и тој да направи. Господ не сакал ни да слушне, кај се давало на ѓавол да прави господови работи? Но, упорниот ѓавол постојано му досадувал и кога Господ се изморил, му рекол:
- Јас ќе дремнам малку и ќе ти дадам можност да го уредиш ова мало парче земја.
Се сместил Господ под едно дрво, а ѓаволот веднаш се зафатил со работа. Направил езеро со најбистра вода, високи планини со најразлични растенија, градел куќи, цркви и манастири и кога завршил, горд на убавината што ја создал го разбудил Господ да види.
И навистина прекрасно, Господ си ги протрил очите, не му се верувало дека ѓаволот може да создаде таква убавина.
- Браво, - викнал воодушевено, - ОХРИД, навистина убаво си го направил, сум згрешил што сум немал доверба во тебе. Ама како е можно ова ти да го направиш? Кажи, што не гледам? Што е ѓаволската работа во ова?
- Хихихихихихихи, - почнал да се смее ѓаволот, - убаво е, сè е убаво, ама чекај да ги видиш охриѓани...
За Охрид ќе ми треба да пишувам безброј постови, но бидејќи веќе има многу напишано, јас ќе се ограничам на неколку... за езерото, за изворите и за наколната населба, и за по некоја црква...
Куќите во Охрид се како кутивчиња, подредени како на макета, сите свртени кон езерото и кон сонцето...
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
а над нив гордо се извишува Самоиловата тврдина...
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
Куќите се обновуваат во стариот, традиционален стил...
 |
Охрид - куќата на Робевци - Ohrid |
пополнувајќи го секое празно место на ридот...
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
 |
Охрид - Ohrid |
меѓу сегашноста и минатото...
 |
Охрид амфитеатар - Ohrid |
No comments:
Post a Comment