(Фотографиите може да ги видите во поголема варијанта ако кликнете на нив)
На истиот тој пат, од Маврово кон Дебар, крај реката Радика вкопани во планините се наоѓаат реканските села – Жировница, Ростуша, Велебрдо, Битуше, Јанче, Аџиевци, Присојница и други. Села, сите со свои приказни и убавини, населени претежно со Македонци – муслимани.
Поглед кон Велебрдо од Бигорски
Во близина на селото Ростуша се наоѓаат две убавини кои не смает да не се видат. Тоа се манастирот Св. Јован Бигорски и водопадот Дуф.
Над Битуше, на планината Дешат се наоѓа и глацијалното езеро Локув, но тоа е за оние посетители кои имаат повеќе сила и воља, како и подготвеност да пешачат по планина.
Манастирот Св. Јован Бигорски е еден од најубавите на Балканот. Освен прекрасната природа која го опкружува, познат е по иконостасот изрезбан од дрво во периодот од 1829 до 1835 кој претставува вистинско ремек-дело.
(Некои фотографии се пред опожарувањето на манастирот)
Иако внатре е забрането да се фотографира, сепак слики од иконостасот може да се видат на повеќе страници.
No comments:
Post a Comment