Како што веќе кажав (во претходниот пост) 8 Март е толку извулгаризиран како празник што би сакала да не сум тука тој ден. Но, сепак, денот е прилика да се направи нешто посебно и различно.
Во ГУЦ, веќе втора година тој ден правиме хуманитарен хепенинг во кој со свој труд учествуваат нашите ученици, а собраните средства ги наменуваме за дечиња на кои им е потребно лекување или се во тешка материјална положба. Оваа година не можевме како лани да се рашириме во училишниот двор, од познати причини: снегот и студеното време. Па затоа се прибравме во холот каде беа изложени цвеќињата (што нашата ботаничка секција ги произведе), накитот, вазните, сликите, шамиите и другите работи што ги направија нашите деца за продажба со хуманитарна цел.
А, за да не биде сето ова како обичен пазар, направивме и мала приредбичка со етно тема. Ни дојдоа гости, директорите на средните училишта, претставници од Собранието, и за првпат дојдоа новинари (а баш многу ги критикував дека доаѓаат само за тепачки, а никогаш за убави работи).Облечени во оригинални народни носии, учениците изведоа сцени од драмата „Бегалка“...
рецитираа песна за жената на албански јазик, една и на македонски,
пееше Беркан со наша ученичка во дует (прекрасна изведба)...и на крајот, играорките ја заиграа „Костурчанки“.А, за да не биде сето ова како обичен пазар, направивме и мала приредбичка со етно тема. Ни дојдоа гости, директорите на средните училишта, претставници од Собранието, и за првпат дојдоа новинари (а баш многу ги критикував дека доаѓаат само за тепачки, а никогаш за убави работи).Облечени во оригинални народни носии, учениците изведоа сцени од драмата „Бегалка“...
рецитираа песна за жената на албански јазик, една и на македонски,
Надвор од контекстов, денес чув две добри финти што ме орасположија, едната во врска со снаоѓањето на жените при обидот да се подбиваат со неа, а втората - признание дека жената ја презема водечката улога.
Прва ситуација:
- Честит празник, хихихи, ама времево не ви се погоди. Студено и снежно (демек, како вас жените), не можете никаде да шетнете.
- Па што знам, добро си е, јас си седам на топло, а надвор гледам само мажи што трчаат по подароци и се воденат.
Втора ситуација:
- Што и зема на жена ти?
- 50 евра. Немаше повеќе да ми даде.
No comments:
Post a Comment