Денес е Ден на дрвото, а мене - дрво ми е во главава. Веќе десетина дена се чувствувам како нејас.
Преокупирана со секојдневни обврски натоварени со додатни кои постојано ми ги наоѓаат моите блиски „за да не седам без работа“, веќе десет дена немам време да му посветам на она што најмногу го сакам - читањето и пишувањето. За читањето успеав да си пронајдам време (на сметка на спиењето), ама за пишување - не. Секој ден, од овие претходните, претставуваше вистинско измачување за мене, ден без задоволство. И, сфатив! Јас сум зависник. Зависник од блогерајот.
Кога го отворив првиот блог, мислев да пишувам само кога ќе ми текне, отприлика еднаш месечно. Читав многу блогови и влегов во еден поинаков свет - свет на интелигентни луѓе кои храбро си ги искажуваат своите ставови, свет без цензури.
Сепак, не беше баш така. Македонската блог-платформа беше сконцентрирана на: blog.com.mk, каде некои излегуваа на насловната страница, а некои - не. Таквата шема не ми се допадна, зашто и во тоа на некој начин има цензура. Кој е тој што одлучува кој ќе биде на насловна страница? Сите останати, вака или онака, ќе бидат дискриминирани. Затоа, не влегов таму. Не сакав во мојот свет на слобода да се чувствувам неслободна и под нечија лупа. Моите блогови си ги направив надвор од тоа, на my opera и на blogspot. Пишував и се уште пишувам 2 стручни блога (македонски јазик и литература за стручно образование, за 1 и 2 година) кои ги сфаќам како секојдневна работна обврска, но и овој, кој го сфаќам како задоволство. Тука сум јас, отворена како книга, со мојот вистински идентитет. Бидејќи понекогаш имам потреба да си кажам нешто што може да им пречи на другите (кои ме познаваат) имам уште 2 анонимни блога (едниот за „јако“ истресување, другиот за најдлабоките внатрешни чувства).
Значи, се чувствувам како блогер, ама не во смислата која е општоприфатена во Македонија.
Еве зошто: мојот блог е мојот свет, без потреба некој да го чита и да пишува коментари. Тоа го правам зашто имам потреба некаде да го напишам она што ми се случува, она што го мислам, читам, она со кое се преокупирам. Сега не е како порано (напреднала мојата зависност), секој ден имам потреба да напишам нешто, да искоментирам, да раскажам. (Затоа сега ми е тешко, речиси 10 дена сум без текст). Зависник сум и од читање блогови. Се чувствувам како да ми фали нешто ако дента не ѕирнам што има ново, кому што му се случило, кому му паднала на памет нова брилјантна идеа. Сега, речиси воопшто не гледам телевизија и сите информации ги црпам од блоговите (добро и од другите нет-страници), уживам во текстовите на некои генијалци, во песни, раскази, интерпретации на реалноста, археологија, од сите уметности по нешто, комуникации, секаква секојдневна активност, и во многу, многу други нешта (блогови) и тука наоѓам се што ќе си посакам (а не она што ќе ми го наметнат телевизиите). Со саати поминувам на лаптопот живеејќи со животот на обичните Македонци кои ја перципираат реалноста на свој начин, според мене, на најобјективен начин.
А, еве што подразбирам под општоприфатената смисла на блогерајот.
Блогерите на сега подновената македонска платформа, чинам дека имаат поинаква потреба од мојата. Кај нив се чувствува натпреварувачкиот дух - кој ќе излезе на насловната страница, како и потребата преку коментари по постот да си направат муабет со своите блог-пријатели. Тие се свет за себе, прилично затворен, свет кој меѓусебно се фали и критикува, свет кој го омаловажува останатиот свет (за жал, така испаѓа во нивните коментари, не во постовите), свет кој има потреба од публицитет. Се разбира дека ова не важи за сите, ама мојот впечаток е таков. Веројатно, постои и нешто друго, што мене не ми е познато бидејќи не сум од тој свет, што ги натерало најквалитетните блогери да излезат од таму, па сега си имаат независни блогови или сајтови.
Малку ми е жал што се смени платформата, па сега сите мои средени favorites се со стари адреси и што морам и јас како и другите кои сакаат да пратат што има ново на блогерајот да тргнат од blog.mk.
Вака изгледа страницата (дома) каде од десната страна се сите нови постови (ова за колешките кои не знаеја како да дојдат до тука), а од левата - привилигираните на насловна.

Блогерајот пропадна најмногу поради техничките проблеми (бесмислени софтверски багови, неверојатна бавност при отворањето на страниците).
ReplyDeleteНајчудно тука е што иако е во рацете на Он.нет - од каде се очекува брз интернет и одлична техничка подршка - токму тие проблеми беа најизразени.
Мислам дека основниот проблем со блогерајот е што е бесплатен. Па газдите немаат мотив да поправат било што.
Од друга страна, ако се плаќа (да речеме преку мобилен свртиш број и така платиш 100 денари, со што добиваш по СМС шифра која ти дава блог членство во текот на наредните 365 дена) - кој би платил воопшто, ако може бесплатно да си отвори блог на wordpress, blogspot...
Блогерајот треба да биде само како пазар на блогови - а не населба со блогови. Секој да си има свој блог на worpdress или blogspot, да го пријави на блогерајот кој потоа на секој член ќе му каже дека има нов блог, и така блогерајот да биде како сервис за агрегација на блогери и толку.
Ама, место врапче во рака да имаат, некои повеќе преферираат орел на гранка да гледаат.
Блогерајот не може да пропадне додека постојат блогери. А бидејќи тие не можат лесно да се откажат од својата зависност - нема шанси да ги снема. Техничките проблеми ќе се надминат на еден (со подобрување) или на друг (со бегање на друго место) начин. А добро би било она што си го кажал последно, односно, малку поинаку - да постои листа на сите македонски блогери (подредени по категории) за да можеш да дојдеш до нив и полесно да ги пронајдеш.
ReplyDelete