6.3.10

Хороскопска филозофија

Денес не читав ништо. Баш чудно за мене. Еден куп време поминав на фејсбук, дрдорејќи глупости, колку да ми помине петоков. Откако ми дојде преку глава и се исклучив, сфатив дека таму имам една посебна категорија пријатели. Шкорпии...
Јас не знам што сакаат овие шкорпииве (мислам на хороскопскиот знак).
Во последно време просто сум опкружена со шкорпии од сите возрасти и се чувствувам како да сакаат да ја испијат целата моја енергија. Ми се допаѓа кај нив интелигенцијата, моќта веднаш да разберат што мислам и што сакам да кажам, но нивната преголема посесивност ја заморува водолијата во мене. Во прв момент им се допаѓа мојата широчина, мојот светоглед, па и мојата сила, но набрзо посакуваат да ја поседуваат, да биде само нивна, да не ја споделувам со никој друг.
Еве ги накусо нивните карактеристики:

Добри карактеристики:
Магнетни, таинствени, страсни, лојални, заштитници, смели, добри советници, категорични, интуитивни, со интензивни чувства и емоции, љубопитни, самокритични, енергични, не примаат средна позиција, поседуваат способност за аналитично мислење.

Лоши карактеристики:
Опсесивни, посесивни, љубоморни, манипулатори, сакаат да се одмаздуваат, секогаш незадоволни, деструктивно критични, тирани, брутални, жестоки, завидливи, нетолерантни.

Секој „неповолен“ збор за нив е крај на пријателството и започнуваат со одмаздата. Мене само ми е чудно, зошто и како ми се случи во краток период да се спријателувам токму и само со шкорпии, а до сега биле надвор од мојот круг на прифатливи пријатели (освен татко ми кој ми е пријател од раѓање).

4 comments:

  1. Еееееј, дрдорев глупости...зошто???

    ReplyDelete
  2. Дима: Колку добро и да зборува човек, кога премногу зборува, на крај кажува некоја глупост.

    ReplyDelete
  3. Нема врска :)
    нема ништо неточно во ова !
    се е како што велат ;)))

    ReplyDelete
  4. Нема врска муабето .. Во право е Билјана баш така е вистината не се никакви глупости, шкорпија сум и се пронаоѓам ама во се што е пишано погоре :))

    ReplyDelete