Можеби Платон и Аристотел, покрај Сократ се сметаат за најголеми филозофи во Антиката, но мене воопшто не ми се допаѓаат.
Платон целиот живот и дело му го посветил на својот учител Сократ. Во сите негови дела (дијалози) Сократ е главниот лик, а вториот е неговиот соговорник. Добрата страна на ова е што да не бил Платон, немаше да ја познаваме филозофијата на Сократ.
Најинтересното сфаќање на Платон е искажано во неговата парабола за пештерата. Таму, светот го претставува како игра на сенки. Имено, да си замислиме во една пештера група луѓе кои се присилени да го поминат целиот живот седнати со грб кон излезот и гледајќи во ѕид. Зад нив, исто така има голем ѕид зад кој некои налик на луѓе движат разни предмети. Од огнот што гори зад чудните суштества на ѕидот се создаваат сенки. Луѓето од пештерата никогаш не виделе ништо друго освен овие сенки, па затоа мислат дека тоа е се што постои на светот.
Според Платон, светот што ние го гледаме се сенките во пештерата, а всушност, надвор од пештерата се наоѓа вистинскиот свет, светот со јасни облици. Тој смета дека постои посебна реалност зад „светот на сетилата“ кој го нарекува „свет на идеи“.
Преку оваа парабола Платон го прикажува патот на филозофот кој од нејасните претстави доаѓа до вистинските идеи кои постојат во заднината на појавите во природата.
За разлика од него, Аристортел (супер текст за Аристотел) е свртен кон сетилата на кои им верува, а не кон идеите и душата кои се неопипливи.
Всушност, Аристотел е важен што целокупното претходно знаење го систематизирал, го запишал и се смета за основоположник на многу науки. Но, според мое видување, кај него нема никаква оригиналност, ништо ново. Тој ја воведува научната терминологија која и денес се употребува и заради тоа е значаен, но... Една работа не можам да му простам - машкиот шовинизам!
Аристотел сметал дека жената е човек со „фалинка“, дека таа е „непотполн маж“. Според него, детето ги наследува само татковите особини, тој е сејачот и активниот, а жената е пасивната (таа што прима) и го дава само „месото“ на детето. Најлошото од ова негово „ограничено“ сфаќање за жената е тоа што во Средниот век токму ова било прифатено од црквата и со векови останало како од „Бога дадено“ правило (иако во „Библијата“ нема никаква основа за ваквото сфаќање на жената).
Аристотел потекнувал од Македонија, се школувал кај Платон, а му бил учител на Александар Македонски. Кога овој тргнал во своите „походи“, Аристотел отишол во Атина, каде никогаш не бил сосема прифатен, но по смртта на Александар избегал од таму, од страв да не му се случи истото што му се случило на Сократ (да биде осуден на смрт).
Всушност, со Александар започнува една нова епоха, од западниот свет наречена „хеленизам“ и која нема врска со Хелада. Малите градови - државички (полиси) стануваат дел од огромната Македонска Империја, која станува мултинационална држава и каде официјален јазик станаува коине.
Како што можев да забележам (и кај претходните филозофи), оригиналната филозофска мисла не потекнува од тие државички (Хелада), туку од периферните територии како Тракија, Македонија, Фригија, Лидија (Мала Азија), Италија.
Жими еден Сократ потекнува баш од Хелада (Атина), и него си го осудиле на смрт. По него, Платон основа Академија во која се образуваат млади луѓе, а во близина се оформуваат двете школи на циниците и киренците.
Но, нов печат на новото време му даваат трите школи со оригинални идеи врз основа на старите: епикурејската, стоичката и скептичката.

А да ги сменевте зелките малку за промена.... Не дека не се убави ама за промена малку
ReplyDeleteТоа никако. Фотографијата ми ја претставува Македонија и на надворешен и на внатрешен план, како и другите нешта во неа...
ReplyDeleteНа кого не му се допаѓаат зелките нека не чита. Нејзино право е што сака ќе си чува и става тука, никој не може да и забрани.
ReplyDeleteИнаку, зелките баш се убави и да ги чувате уште многу мноооогу години, поздрав
Од Нено Богдан:
ReplyDeleteДа, интересно е тоа колку слепо прифаќаме некои работи за вистинити (хеленизам!?) без да размислиме за тоа дека можеби перцепцијата ни е наметната и сосема погрешна.
Луѓето што живеле во хеленистичката епоха не знаеле дека живеат во „хеленистичка“ епоха.
Оние што живееле во Византија никогаш не ја викале својата земја Византија.
Оние што живееле во Средниот мрачен век не сметале дека времето во кое живеат е средно или мрачно. Баш напротив, во периодот од 1000та до 1300та година, имало доста топла клима во Европа што овозможила развоја на земјоделието и пораст на населението. Што има мрачно во тоа?
Сите варварски народи себеси никогаш не се сметале за варварски,
Индијанците себеси не се нарекувале Индијанци.
Итн...
Еве еден мој текст на таа тема, за погрешноста на перцепцијата:
http://blogatash.wordpress.com/2010/02/25/%e2%99%a6-%d0%bf%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b5%d0%bf%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b5%d0%bf%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0/
Позз..
lele komentarrr
ReplyDelete