29.3.10

Може ќе ни донесе малку среќа нивната несреќа?

Последниве денови на европската сцена НЈС изгуби од својата величина. Дај боже така да продолжи работава.
Како на типична Балканка, понекогаш сакам да му умре магарето на комшијата. Тоа што НЈС е во долгови до гуша веројатно ги прави Европејциве малку построги кон нив. Па пишуваат по весници малку поинакви текстови или го покажуваат на клипови најновиот националистички „испад“ во Атина.
Сакам да не ја гледаат нивната галеничка само низ розови наочари, сакам барем понекогаш да ја видат каква што е.
Тука може да го прочитате написот во "The Economist" (а ве предупредувам да не ги читате коментарите за да не останете будни цела ноќ, како јас сега, а ќе ви кажам дека нашите се најдобри - најумерени и најпаметни).
А за НЈС фашизам погледнете тука, на парадата во Атина од изминатава недела. Ова не е прва ваква парада во НЈС, ама за првпат ја има на CNN.

2 comments:

  1. Tоа грчките специјалци многу глупи луѓе се.

    Место да скандираат „нашите политичари ја уништија државата, ако не ја оправат во најскоро време, кожата ќе им ја одереме“ тие им се закануваат на Албанците и на Македонците.

    Небаре парите што им ги оставаат Македонците кога одат на одмор на Халкидики и шопинг во Солун им пречат!

    ReplyDelete
  2. Ме заболе глава, кога видов 177 коментари одма се откажав и ќе ве послушам како постара личност да не ги читам, зошто не планирам да не спијам!!! :)

    ReplyDelete