Македонија е толку многу богата со историја, археологија, природни реткости и убавини, а толку сиромашна со трговски дух, што не е чудо што никој не ни доаѓа во посета (мислам на туристите).
Што може да се продаде, односно што лесно би купиле странските туристи? Мислам дека за тоа се потребни светски познати личности од минатото кои ќе ги врземе со определено место, определена приказна и купишта дрангулии за продажба.
Значи, прво ни треба светски позната личност која има врска со нашава територија. Многумина ќе си речат дека такви не постојат. Дека никој интересен не е од тука. Голема грешка!
Еве, на пример - Јустинијан. Најголемиот број Македонци не ни знаат дека тој потекнува од Македонија, од место близу Скопје, сега село Таор, а во негово време Тауресиум. Зарем не можеме да го продадеме Јустинијан?
Јустинијан бил голем император, наследник на неговиот вујко Јустин, кој пак потекнува од Бадеријана (денешното село Бадер, близу Таор) и кој самиот успеал да се искачи на престолот на Источното Римско Царство заменувајќи го ромејскиот цар Анастасиј. Роденото име на Јустинијан било Управда (што би рекол Нено - многу словенско звучи за човек од овие простори, што живеел пред „инвазијата на Словените“, односно во 5 - 6 век) и уште како дете неговиот вујко го зел при себе во Константинопол и му овозможил најдобро можно образование. Интересно е што неговото име Управда има голема врска со она по што и ден-денес е познат. Тој е составувач на т.н. Јустинијаново право кое содржи неколку книги: Јустинијанов Кодекс, Дигеста, Институционес и Новели . Јустинијановото право преживува преку Византија, Италија, навлегува во Западна Европа и станува основа на современите правни системи - што значи, постои до денешен ден. Па така, праведниот Управда кој сакал да воспостави ред и правда го оформува правниот систем кој трае веќе 1500-600 години. Сите образовани луѓе, а особено правниците знаат кој е Јустинијан и срамота е ние да не знаеме и да не можеме да ја продадеме неговата приказна.
За животот на Јустинијан може повеќе да прочитате на Вики, и од други извори, (или од тука) за да не се повторувам и јас.
Она што сите го знаат за него (освен она во врска со правото) е дека бил женет за преубавата, но контроверзна Теодора и дека бил голем градител. Најзначајна негова градба е храмот Света (Аја) Софија кој се уште го краси Истанбул и „непронајдениот град“ Јустинијана Прима. Градот долги години (па и векови) се барал на погрешно место, односно во Србија, најверојатно поради искомплексираноста на Македончето и невербата дека може една таква историска мистерија може да се реши тука. А тоа тука - значи ептен тука - најверојатно Скопје, односно во делот кај Калето, Скупи и Аквадуктот се наоѓал раскошниот град на Јустинијан - Јустинијана Прима. Сепак, преголемата очигледност на топонимите кои речиси се непроменети (Бадер - Бадеријана; Таор - Таурисиум), како и странската сугестија (уште пред стотина години, англискиот истражувач, археолог и патописец Артур Еванс, посочил дека Градиште кај Таор е најверојатно родното место на Јустинијан) ги убеди македонските историчари и археолози дека треба да го прифатат непобитниот факт. Зашто, тој градот го изградил во непосредна близина на родното место - значи Скопје. А и Таор треба да се стави на продажба, па не е малку да се посети родното место на Јустинијан!
За среќа, работите се движат во добра насока. На археолошкиот локалитет Таор и оваа година ќе се работи, а освен официјалната страница, оваа година е направен и блог (фотографијата е преземена од таму) каде ќе се прикажуваат сите тековни работи (ептен ме радува).
Сепак, мислам дека овие чекори се премали. Дури смешно изгледа преголемата радост на ангажираните околу овој проект во врска со поставувањето на патоказите кои се губат во мноштвото други реклами (да, подобро е од никакви, но 5 минути гледав во таблите за да ја пронајдам вистинската).
За да го продадеме Јустинијан и да ги привлечеме странските туристи - треба цело Скопје (и Македонија) да „вришти“ со Јустинијан.
Да го има на парите, да го има на сликички, мали мозаичиња (бидејќи тоа е единствената и најпозната слика на Јустинијан),
измислени скулпури, споменици, брошури, летоци, да има вистински пат кон Таор (зашто сегашниов е жив срам) и средување на локалитетот. Покрај другите големи личности (за кои ќе пишувам во некој од следните постови) Јустинијан треба да стане заштитен знак на Скопје и Македонија. Кога ќе се отвори било кој сајт за Македонија - треба Јустинијан да боде очи, да се нуди и продава неговата приказна.
Е, многу би сакала ова да се случи за време на мојот живот.
(Еве уште неколку интересни врски за Јустинијан:
Од Крале Марко, од Волан;
Данило Коцевски, Јустинијана - градот кој го нема (роман).
За Теодора цитат од српската википедија:
ReplyDelete„Upoznala je izvesnu plesačicu u službi Plavih, Makedoniju, koja je u isto vreme bila i dostavljač u službi carske tajne policije. Makedonija je izgleda vrbovala Teodoru i zatim je u Carigradu upoznala sa velikim pokroviteljem deme Plavih, Petrom Sabatijem (lat. Petrus Sabbatius)...“
Ееееее, девојка по име Македонија, која била агент на царската тајна полиција ја врбувала Теодора да го заведе Јустинијан... од ова цел роман може да се напише!
А пази во Википедија што велат за Василиј I, основачот на „македонската династија“
The sole foundation of the Slavonic theory is that Arabic writers designate him as a Slav; this is explained by the Arabic view that all Macedonians were Slavs.
http://en.wikipedia.org/wiki/Basil_I
Што знаеле бре Арапите од тоа време (кога тие биле најразвиената цивилизација во светот) па да пишуваат дека сите Македонци биле Словени, и да не прават разлика меѓу Словени и Македонци.
Нели :-)
Историчарите од најразвиената цивилизација во тоа време не знаеле ништо за своето време, ама денешните „научници“ знаат подобро од нив дали Василиј I бил Македонец или не бил Македонец или бил Словен или не бил Словен.
Според нив Василиј бил Ерменец. А и Самуил бил Ерменец. Испаѓа дека повеќе Ерменци во Македонија имало отколку во самата Ерменија.
Логично, нема што.
:)
ReplyDeleteПологично не може да биде!
За жал, нашиве историчари (не сите) немаат допирни точки со логика и само препишуваат од некои „поголеми“ умови зашто сопствениот не го ценат (Македонче).
Сега ја дочитувам „Тајната историја“ (издадена 2007, Ѓурѓа) и таму во фуснота за местото Бадеријана се објаснува:„Самата Ведеријана(?) се определува различно. Можеби се наоѓала во Ќустендилско (денешното село Таваличево) или во областа на Ниш. Јустин и Јустинијан, веројатно имале тракиско потекло.“ - зашто нема логика наше село Бадер да биде Бадеријана, а и кај може еден Јустинијан да биде Македонец?!?
I Aleksandar Makedonski bio Makedonac, Tako je i Justinijana Prima u Makedoniji.
ReplyDeleteКако што Александар Македонски со сигурност не бил Србин, така и Јустинијана Прима за твоја жал не ќе да е во Србија...
ReplyDelete