Покрај тоа што без вода нема живот, за мене без вода нема ни духовен живот. Таа за мене има исцелителна моќ. Секогаш кога се чувствувам лошо само водата може да ми помогне. Бањата и тушот ми се единствениот лек. А моите психички болки ги лекуваат големите води - реките, езерите, морињата. Веројатно затоа сакам риболов, за што подолго да седам крај големата вода и да ја впивам нејзината енергија. Секое утро кога го поминувам мостот на Вардар погледнувам кон водата и чинам ја примам дневната доза на енергија (понекогаш ми е страв да не се очукам со колата, но за тоа станувам свесна откако ќе го пројдам мостот).
Денес е Водици.
Исус го започнува новиот живот по крштевањето во реката Јордан.
А од Водици започнува мојот хороскопски знак - Водолијата. Не е ли тоа некаква коинциденција од Водици - Водолија?
(Еве што велат за жената водолија, па иако не верувам во хороскопи, сепак, многу работи ми погодиле: Жената родена во знакот на водолија, од своето детство е ведра и радосна личност. Младоста и поминува во потрага и барање на идеал и благородна цел за пат низ животот. По својата душа е уметник, поет и сликар и се ја воодушевува. Таа е вистински претставник на современа жена, голем идеалиста, темпераментна и голем мечтател. Љубопитна е и се ја интересира, макар била неважна мала работа или случка. Било кога и да се омажи, за неа е секогаш рано, затоа што има дух на младост кој тешко се прилагодува на проблемите и должностите на брачниот живот. Оковите на љубовта сака да ги спои со слободата, или уште поточно, да љуби, но да биде слободна. За среќа во бракот бара појасни докази од внимание, подароци и убави зборови. Темпераментна е и за неа велат дека е „жив оган“. Ако е искрено сакана , станува најдобар животен сопатник на својот маж. Родителите Водолии ги охрабруваат своите деца да бидат независни, и да ги следат сопствените таленти.)
И, што сакам да кажам? - Дека се се врти околу водата (особено за Водици). И дека се радувам што ми почнува хороскопскиот знак, зашто во тој период секогаш сум најрасположена и најпродуктивна.

Без вода нема живот точно, но и без струја нема живот... ај малку размислите (на што ќе готвиш? на што ќе се топлиш? како ќе се бањаш?).
ReplyDeleteА во хороскоп и јас сум водолија (12.02) и не верувам. А и во соништа баш и не верувам!
Денес (19.01) Водици уште се викаат и машки Водици, а утре (20.01 - Св.Јован) уште се викаат женски Водици.
ReplyDeleteПавле, ова беше за жени (знам, и јас сум на 12.2), а без струја би издржала освен за лап-топот и интернетот (тука е болката).
ReplyDeleteА сакате да кажете дека за мажи не важи некој хороскоп? За мажите нема хороскоп? Јас не велам за тоа што велат луѓето за жените во хороскоп, ниту пак јас мислам дека се наоѓам меѓу нив (жените), туку ОПШТО дека не верувам во хороскоп! А дека се ви поголе во хороскоп е точно.
ReplyDeleteВАЖНО:
Од кај знаете дека ова е Павле? Тој е (јас сум) да ама може има уште некој што е роден на нашиот роденден. Поздрав
Те познав по ракописот. Инаку, и јас не верувам во хороскоп, ама ми погодиле, па ми се допадна.
ReplyDelete