12.1.10

Нов закон

Мислам дека Владата, покрај многуте закони за европеизација на Македонија, заборави да спроведе еден многу важен закон: ЗАКОНОТ ЗА НЕСМРДЕЊЕ.
Предлагам неколку точки кои треба да ги содржи тој закон:
Укинување на претходни одредби:
1. Се укинува пролетното капење како единствено во годината.
2. Се укинува и законот за оние кои беа научени да се капат само во недела.
Новиот закон ги предвидува следните одредби:
1. Гаќите, чорапите и целиот долен веш не смее да се носи повеќе од еден ден (потоа се пере);
2. Горната облека смее да се носи најмногу два дена, да се проветри во меѓувреме, а потоа и таа да се испере;
3. Влакната од под мишки да се отстрануваат (за другите места по сопствено наоѓање);
4. Секое утро, пред излегување од домот, граѓаните се должни да се забањаат, да си ги измијат забите и да бидат уредни;
5. Неспроведување на претходните одредби е казниво поради нарушување на туѓиот простор, загадување на воздухот и труење на околината.

2 comments:

  1. Да не ве чуе премиерот инаку веднаш ќе го воведе... А, и бил сто пати подобар овој закон отколку некои други закони што ги воведе премиерот, г-дин Никола Груевски. Пајо

    ReplyDelete
  2. Мислам helooooooy!!!

    ReplyDelete