Што не поттикнува да размислуваме? Кој ги тера нашите мисли наваму или натаму? Која е реката низ чие корито се приклонуваме? Зошто секој ден, се нови и нови работи ни паѓаат на памет? Дали сетилата и дневните искуства ме тераат напред или духовноста и чувствата?
Па, ете, си почнувам јас со филозофија...
И ќе си одговорам на некои од прашањата што си ги поставив.
Моите секојдневни искуства ме прават емпириски поспособна да ги согледувам работите. Разумно да ги распоредувам... но, она што ме тера да создавам, она што ме тера постојано да живеам со широко отворени очи не е разумот. Тоа е љубовта, тоа е желбата за живот, тоа е жалбата секој ден да бидам нова.
И тука пак едно филозофско прашање - дали еден човек е истиот од неговото раѓање до смртта? За мене, ова е најсмешно нешто, зашто јас чувствувам дека сум различна секој ден. Секој ден дознавам нешто ново, секој ден во мојот мозок влегуваат илјадници нови информации. Па како може да бидам истата? Јас не сум истата од вчера, та камоли од раѓање. Можеби мојот мозок на сличен начин ги обработува податоците, па има сличност на јас од детството и јас од сега, но за исто не може да стане збор.

кога успеав да го прочитеам а ???
ReplyDeleteХахаха, а кога успеав јас другите да ги напишам? Што е тоа што не тера да одиме напред, да брзаме? Разумот или чувствата?
ReplyDeleteI saw people in a part of the universe. And the universe evolves, progresses to infinity, the same change in people, you want to be in the progress, the philosophy of people who love ...
ReplyDelete