24.1.10

Зборови

Зборови...
Нема ништо поубаво од зборовите.
Човекот е создаден само за да им најде име (збор) на сите работи. На Земјата да постоеја само животни и растенија ништо не би имало име, не би постоел зборот.
Човековата мисла би била изгубена, а заборавена со текот на времето кога не би постоело писмото (буквите).
Служат тие и за обично „добро утро“, „добар ден“, за комуникација со блиските и раскажување на случките (замислете да требаше да го цртаме сето тоа), но и за изразување на внатрешните немири и чувства, и за внатрешните пориви и „увиди“. Може да се чувствуваме „некако“ и се додека не употребиме зборови за тоа, тешко дека ќе се разбереме самите себе. Зборовите го омеѓуваат и материјализираат чувството. Тоа може да лебди, да те притиска, но кога ќе ги употребиме зборовите, па макар само и како беден опис, веќе сме си го дефинирале.
А, писмото е врв на совршенството - овие зборови што ги пишувам тука, никогаш нема да исчезнат. Тие се такви, овековечени, сега и засекогаш...
И ова беше само почеток, но изгледа дека е тука крајот... Сакав да пишувам и за изворот на зборовите, но сега се преокупирав со нешто што ќе следи од идниот пост...

3 comments:

  1. А да не би постоеле броевите? Павле

    ReplyDelete
  2. 23132346578654321324890065! ме разбра?

    ReplyDelete
  3. ..."Зборови-да,но гласовите(дадени од Бога,а материјализирани од луѓето) ја имаат вистинската вредност,зошто наредени правилно ја даваат Вистината и за Бог и за човекот...."од "Папокот на светот".Jaс.

    ReplyDelete