Македонците, најверојатно поради долгиот заеднички живот во СФРЈ, многу ги сакаат Србите. (Да се разбереме, зборувам за политика, а не за љубов меѓу луѓе).
Па без разлика што ќе направат или кажат српските државници, Македонците ако треба ќе замижат и затнат уши, ама ќе им простат и брзо ќе заборават.
Денес на вести, со радост се кажува дека српскиот претседател сакал да посредува во спорот со името. И ова македонските граѓани го примаат како позитивна работа и веројатно се надеваат дека браќата Срби ќе ни помогнат.

За илустрација колку е куса меморијата на Македонците, ќе потсетам дека само пред неполни два месеца министерот за надворешни работи на Србија на колегата од Грција му рекол дека ставот на Грција во спорот за името е разумен, урамнотежен и рационален, дека Белград има целосно разбирање за позицијата на Грција кон Македонија и ја уверил Атина дека може да смета на поддршка од Србија во врска со тоа прашање. (20.11.2009 Време)
Според тоа, ако српскиот претседател се вмеша, што мислите, на чија страна ќе биде?
Еве уште едно мемориско освежување.
Во времето на осамостојувањето на Македонија се случуваа преговори меѓу Милошевиќ и Мицотакис за поделба на Македонија. Сепак, до таква поделба и воена интервенција не дојде, најверојатно заради надежта на Милошевиќ дека во иднина сепак цела Македонија ќе влезе во некаква федерација со Србија, па тој го откажал договорот. Иако Србија не призна под уставното име, незвисноста на Македонија ја призна дури откако Грција го стори тоа, по склучувањето на времената спогодба.(19.3.2006 А1)

Затоа мислам дека место за радост нема. Не знам колку пријателот на непријателот може да ни биде пријател.
Српско-грчкото пријателство не е тазе. Тоа се формирало во текот на Балканските војни и трае до денес...
Точно. Потполно се согласувам со Вас. Секоја чест! Браво.
ReplyDelete