11.4.10

Да ја купиме приказната од Турција 1

Сите знаат да си го продадат она по што се познати (освен ние), но Турците предводат во тоа. Тие продаваат сè, а ти не можеш да ги одбиеш и да не купиш, ќе потрошиш еден куп пари и уште на крај ќе бидеш пресреќен.
Во Турција бев пред пет години, а мене спомените сè уште ми се свежи и убави.
Ќе ви раскажам неколку приказни што ни ги продадоа без да сакаме, а од тоа и ние треба да научиме нешто...
Прво, најубавото чувство во Турција е тоа што на домаќините им се озарува лицето кога ќе кажете дека сте од Македонија. Така, веднаш се чувствувате добредојдени зашто се однесуваат како да ве знаат со векови (пет века и не се малку?).
Второ, тие знаат што бараат туристите. Ако некој решил да оди во Турција сигурно не сака да се чувствува како да е во Париз. Иако хотелот беше мноооогу европски, со сите мастрафи: базени, лизгалки, барови, ресторани со различни специјалитети, сауни, масажи, билјарди, коцкарници, амфитеатарче за претстави итн., мене најмногу ми се допаѓаше ориенталниот дух во сето тоа. Најмногу ми се допаѓаше малото дрвено куќиче каде се приготвуваше турско кафе на вжештен песок со мали дрвени масички и ниски клупи за седење и шаторите каде се пушеше наргиле со големи меки душеци за подлегнување. Иако храна имаше во претерано изобилство, по тазе направените пити во малите пекарници наредени низ комплексот, трчавме секој ден. 

Таму не ве оставаат да ви биде здодевно и да не знаете што да правите. Се разбира дека ве оставаат да се одмарате, ако е тоа ваша желба, но ако покажете интерес за нешто - тоа нешто ќе ви го остварат, или ќе ве убедат дека сте сакале нешто друго - па тоа ќе ви го продадат; секако нешто ќе ви продадат.
А ви продаваат само домашни производи - во баровите немаше ништо странско, туку само турско виски, турска текила, џин, џус, кола и сè што ќе посакате (а вкусот е тука некаде).

Сето ова е веќе видено и здодевно.
И, што беше најубавото?
Убавото беше што луѓето правеа секојдневна претстава, или ако сакате маскенбал, за да ја почувствувате Турција, нејзините традиции, нејзината храна, нејзината историја.
Па еве, сликите кажуваат повеќе од зборовите...
 И се гордеат со она што се, па не по едно, туку и по две големи знамиња ставаат по градовите и на сите други места каде што ќе начекаат.


1 comment:

  1. "Ако некој решил да оди во Турција сигурно не сака да се чувствува како да е во Париз"

    Мислава злато вреди! Да не ме мрзеше цела колумна ќе напишев од тој принцип:

    Оној што гласал за десница не сака таа да владее како левица.
    Оној што купил фолк цеде не сака да слуша забавни ритми од него.
    Оној што отишол во природа на излет не сака да се чуствува како да е во цивилизација.

    итн...

    ReplyDelete