18.4.10

Човечко слепило

Дали некој намерно го устроил човечкиот живот да биде толку краток за да не може да ги осознае работите? Дали е тоа „божја волја“ да го остави човекот потчинет, без можност да ги достигне височините?
Што може еден човек да научи во текот на целиот свој живот? Речиси ништо. 
Возможно ли е да прочитате сè што е поставено на Википедија (да не одам пошироко од тоа)? Нема шанси. 
Ние само како петли на буниште чепкаме по малку од сознанијата на нашите предци за да дојдеме до свои. Што значи, и веќе готовите информации ги преиспитуваме, па си ги ставаме во нашата меморија. За жал, моите деца треба истото да го почнат од почеток. Би било добро кога барем би можело да ги префрлам моите информации во нивниот мозок, па тие да продолжат понатаму. Ама, не - не може така. Секој човек мора да почне од почеток. И таман кога ќе почне некои работи да ги осознава, ќе присобере повеќе информации - цап - мора да умре и сето тоа неповратно да биде загубено. Катастрофа. 
Срам да му е на тој што нè смислил вакви. Постојано да се вртиме во истиот круг. Постојано да бидеме слепи...

7 comments:

  1. Да можеше Copy Paste да правиме... колку ќе беше лесно, од родител од секого...
    Ама за жал не е така!

    ReplyDelete
  2. Сепак, понекогаш е подобро да се има човек кој е нов, неоптоварен со предрасудите од минатите генерации.

    Не е проблемот во тоа што има некои работи што не ги знаеме, поголем е проблем тоа што има работи што ги знаеме, ама кои не се точни.

    ...демек, авторот на овој коментар сакал да каже дека има 30 години и дека како и секој млад човек е убеден дека постарите од него - ништо не знаат :-)

    ... се зезам :-)

    ReplyDelete
  3. Па кај си бе Нено? Нешто ми фалеше оваа недела, а никако да сфатам дека тоа си бил ти.
    А, инаку, поентата на текстот е што џабе веземе, никогаш ништо нема да знаеме... Ни вие младите ни ние постарите.

    ReplyDelete
  4. ...демек, авторот на овој коментар сакал да каже дека има 30 години и дека како и секој млад човек е убеден дека постарите од него - ништо не знаат :-)

    ... се зезам :-)


    ПРВО, ВИЕ ДАЛИ СТЕ ЈА ГЛЕДАЛЕ ПРИКАСКАТА НА МТВ КОГА СИТЕ ТАТКОВЦИ ГИ НОСЕЛЕ ВО ШУМАТА ДА ГИ ЈАДАТ ВОЛЦИТЕ?!? ДОКОЛКУ СТЕ ЈА ГЛЕДАЛЕ, ТРЕБА ДА РАЗБЕРЕТЕ ДЕКА СЕ СЕ УЧИ ОД ПОСТАРИТЕ И ОД РОДИТЕЛИТЕ.

    НЕ НЕ САКАВ ДА КАЖАМ ДЕКА ИМАМ 30 ГОДИНИ, ТУКУ БАШ НА ШАЛА ГО ПИШАВ, А ШТО НЕ СМЕАМ??????????? ТОА Е МОЕ РАЗМИСЛУВАЊЕ И...????

    ПОЗДРАВ...

    ReplyDelete
  5. Нема проблем, размислувај, ама јас ништо не сфатив.
    Поздрав и до тебе.

    ReplyDelete
  6. Не се согласувам со изложеното мислење.
    Деталите не се важни, важни се глобализираните знаења кои најчесто се неоспорни. За да се дојде до вистина доволни се и мал број на податоци, побитно е правилното размислување. Така човек со 5 податоци може со правилно размислување да дојде до вистината за едно прашање, додека друг со 5000 податоци за истото нешто да донесе погрешни заклучоци. Впрочем нашата љубов кон вистината е пресудна за нејзиното знаење.

    ReplyDelete
  7. Баш им завидувам на оние кои лесно доаѓаат до вистините и кои се уверени во своето правилно размислување. Тие веројатно, исто така, знаат сè.
    За жал, моите илјадници информации ме довеле до заклучокот дека не знам речиси ништо и дека до крајот на животот тоа нема многу да се промени.

    ReplyDelete