22.4.10

Ќе си играм поет (2. Ѕвезда)


Еве ја втората:

2. (Ѕвезда)

Ама најмалку за нас како бедни смртници
се грижи некој горе, не ни подава рака,
пишува неми зборови на празни страници,
Проклето да е небото, што нас не нè сака!

Погледнувам горе, небо, една ѕвезда паѓа,
блеснува желба во мене, уште неслушната,
ах, колку грешам, попусто надеж ми се раѓа!
Ѕвездата си била, за друга двојка гушната.

Солза се мрести, сака на образ да ми живне
стегам душа, но поглед без желба ми се мати.
Камен-срце да имав ќе те преболев тебе

и лесно ќе беше страста љубовна да стивне.
Небо, дај ми среќа, нејќам душа да ми пати
Миг штом трепнеш, о, смрт сè носиш ти со себе.

2 comments:

  1. Еве мое инстант „хаику“ (или нешто слично на тоа) инспирирано од еден стих од твојата песна:

    МЕСТО ПОД ЅВЕЗДИТЕ

    Една вечер, како дете,
    видов како паѓа ѕвезда.
    Посакав желба, но
    се растажив кога сфатив.
    Ѕвездата паднала за некој друг
    да посака желба.

    Секоја вечер гледав
    ѕвезди како паѓаат за други.
    Ниту една ѕвезда никогаш
    не падна за моите желби.
    Се додека една вечер
    не дознав од мудрите луѓе:

    Ѕвездите паѓаат ноќе
    како утеха
    за оние луѓе
    што не избориле преку ден
    место за себе
    под сонцето.
    ----

    Чист зен, а :-)

    ReplyDelete
  2. Слатко! А уште послатко што си се инспирирал од мојата туѓа ѕвезда. ...Гушка... :) (што би рекла, на многу симаптичен начин, една друга блогерка)

    ReplyDelete