12.1.10

Македонија во српската историја (петти дел)

„Да убиеш човек е криминал, а да масакрираш нација - е прашање“ (Виктор Иго, 1876г.)
По атентатот на принцот Фердинанд, Австро - Унгарија и објавува војна на Србија со што започнува Првата светска војна.
Исходот и воениот плен на Србија од оваа војна е создавањето на Југославија (Кралството СХС) зашто со него владеело српската династија Караѓорѓевиќ. Во оваа држава биле признати само трите народи (Србите, Хрватите и Словенците, и тоа под контрола на Србите), а другите биле обесправени и непризнаени. По Октомвриската револуција се формира Комунистичката партија на Југославија која на парламентарните избори ќе добие многу гласови.
И сега Србите тврдат дека тогаш не постоел македонски народ, но во одлуките на Петтиот конгрес на КПЈ од 1924г. во 7. точка пишува:
„Бидејќи во Југославија постои масовно движење против националното угнетување во сите негови облици, масовното движење за право на самоопределување, националното прашање има актуелно и остро обележје и непосредно ги засега интересите на работничката класа. Заради тоа, општата парола во врска со правото на самоопределување, која ја истакнува КПЈ, мора да се изрази во облик на издвојување на Хрватска и Словенија и Македонија од составот на Југославија и да се создадат независни републики.“

Прашањето ми е кој тоа сакал да се самоопределува и издвојува како посебна република во Македонија? Јужносрбијанците?

Откако ја увидел опасноста од распадот на неговото ново кралство, во 1929г. кралот Александар прогласил диктатура и ја преименувал државата во Југославија. Во „Обзнаната“ на Александар била забранета работата на КПЈ. Тогаш, сфаќајќи ја опасноста од интелектуалниот млад македонски кадар, во Македонија се укинуваат училиштата!!! Со Закон таа година се затвараат гимназиите во: Струмица, Ресен, Кавадарци и Кичево. Укинати се и нижите гимназии во: Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Струга, Ресен, Дебар и Гостивар. Исто така дотогашните полни гимназии во Велес, Куманово, Штип, Прилеп и Охрид се претворени во неполни гимназии, а Учителската школа во Прилеп е затворена. Намалувањето на просветните институции во Македонија продолжило и во наредните години. Тоа ти јака српска филозофија - прост народ, силна држава!

Но, македонското прашање се позасилено почнало да се поставува. За наша среќа победници во Втората светска војна се комунистите кои го одржале ветувањето и овозможиле формирање на посебна македонска република.

За периодот по војната во „Новата српска историја“ пишува:
„Во Македонија, чии граници, со мали поправки била земена цела Вардарска бановина, по протерувањето на колонистите населени во меѓувоениот период, следела присилна асимилација на 140000 Срби... Додека на Србите им наметнувале промена на презимињата од -иќ на -ски, таков вид дискриминација не бил предвиден за другите етнички заедници“. (Хахахахахахахахахахаха, и уште едно ха!) „Македонските словени во училиштата учеле дека биле жртви на две „српски окупации“, по Балканските и по Првата светска војна. Поттикнато од македонските комунисти и со согласност од федералното водство, црковната хиерархија во Македонија 1958 г. добила автономија, а 1967 г. вон црковните канони била прогласена автокефалност на т.н. Македонска православна црква. Оваа творба, меѓутоа, не е признаена од ниедна православна црква, а признание има само од Ватикан.“

Значи, какво лажење и извртување на фактите!!!
1. За делот со презимињата просто не можам да се изнасмеам! Тука спаѓа промената на презимето и на мојот дедо (од тетовскиот крај) кој претходно бил преименуван со -иќ (а, едно време и со -ов)! По војната човекот го прашале како сака да се презива, никој не го присилил да си го смени презимето (тоа го имам слушнато со мои уши), и бидејќи, конечно дошло „НАШЕТО“ тој си го одбрал презимето со -ски!
2. Во врска со учењето на историјата во училиштата. Сега, препрочитувајќи ја српскта историја, сфаќам колку повеќе ја познавам српската од нашата. Ми се чини дека ние во школо сме учеле српска, а не некоја друга историја! (Почнувајќи од Немањиќи, па наваму, сите фаци им ги знаев. Од каде? А за Ченто првпат слушнав пред 10 години!!!)
3. А, третиот дел, најзначајниот, бара многу поголемо внимание и историски осврт за да се разбере. Но, едно е јасно. Србија и српството е секогаш врзано со православната црква. Тие ден-денес не ја признаваат македонската црква, затоа што така ќе треба да го признаат и македонскиот народ!
Некои забелешки од денешен аспект, а што ги памтам:
1.Колку не е ширен никаков македонски национализам во Македонија по 1945г. може да се заклучи и од имињата што им биле давани на институциите, улиците, плоштадите итн.
До вистинското осамостојување на Македонија, дали само 10% од училиштата носеа македонски имиња! Се уште не сме ги заборавиле тие имиња (некои уште ги викаме по старо), на пример: Моша Пијаде, Владимир Назор, Иво Лола Рибар, Ленин, Ј.Б. Тито, итн. (во духот на комунистичкото единство).
2. Се сеќавам дека под изговор на мал пазар во Македонија детските и младински списанија не се преведуваа, туку беа на српски (Политикин забавник, Микиев забавник и сите други). А, во Словенија која имаше ист таков пазар, тие си беа преведени на словенечки јазик.
3. Македонските музички групи НЕ СМЕЕЈА да издадат албум, ако сите песни им беа на македонски јазик!
4. Беа, и се уште се, форсирани српската музика и српските телевизии во Македонија.
5. Во контакти со Срби, во 1980-85г. ги доживував најомаловажувачките моменти - кога ми се потсмеваа дека се сметам за Македонка и ме нарекуваа Јужносрбијанка!
итн...
И, наместо заклучок:
Очигледно, на Србите не им се допаѓаше старата, па мораа да си напишат „Нова историја српског народа“ - каде сосема ќе ги збришат Македонците.
Во книгата (а и во сите учебници) за нас исклучиво го користат терминот „Македонски словени“ (ни случајно Македонци).
Освен што се тврди дека новата „македонска“ нација почнала да се формира по 1944 година, за да го поткрепат ова нивно тврдење морале често да преведуваат погрешно од други книги и ниту еднаш во текот на историјаа да не го спомнат зборот МАКЕДОНИЈА - ниту како територија, ниту како тема, област, што и да е... Како таа да не постоела, а барем како таква можеме да ја видиме на сите стари карти. (Се спомнува само по 1944 година и тоа со голема иронија, како Вардарска бановина која станала Македонија).
Понатаму, иако е факт дека пишувам на кирилица, таму пишува:
„Кирилицата е азбука со која и денес се служи дел од словенскиот свет: Срби, Руси, Бугари, Украинци и Белоруси“.
Македонците ги нема! Зошто?
Затоа што не ги сметаат за Словени?
Затоа што азбуката ја сметаат за српска?
Затоа што Македонци не постојат?

Ова не го пишувам за да создадам било каква омраза, или не знам што. Ова го пишувам зашто е факт. Србија, исто како Бугарија и Грција не сака да го пушти Македонецот да си живее раат. Како што би кажал Слободан Милошевиќ: „Независна Македонија - мало морген“ !!!
Па, затоа, не треба да гаиме илузии дека Србите ќе ни помогнат. Тие се единствените кои го изгубија парчето што го ќарија од Балканските војни и убедена сум дека не им е сеедно. Во комбинација со Грција, нема шанса да излезе нешто поволно за Македонија!

7 comments:

  1. Дали приметувате нешто на блогов?
    Многу битна и доста интересна работа. Работа за која нема да ви текне долго време.
    Е, во сите наслови што се поврзани со историја (империја, држава...) нема ниту еден коментар (освен еден „доста е“).
    Што значи ова? Учениците ама баш воопшто не се заинтересирани за таа тема (и јас сум ученик, знам што мислат моите колеги). Зошто не можам да раберам и сакам да ми ојасните Вие како постара личност и како професор. поздрав

    ReplyDelete
  2. Овој блог не е за ученици. Овде си ги пишувам сите работи што во моментот ме преокупираат. Тоа што го читаат ученици е само заради моето опкружување.
    Историјата е за повозрасни, учениците ја мразат и им е здодевна. Младите се преокупирани со сегашноста, а старите со минатото.

    ReplyDelete
  3. Е, сега извинете вака, ама малку...
    „Овој блог не е за ученици“.Епа, за кого е? За постари? Тогаш, зошто на блоговите по македонски јазик илитература за 1 и 2 година пишувате мои блогови... меѓу кој и овој? Тоа значи, учениците ги терате да читаат нешто. Сигурно некоја личност од 55 години нема да му текне па баш на овој блог да чите или на блогот по македонски па така да ве најде!!!
    Значи, може јас грешам, извинете, меѓутоа во случајов јас мислам дека вие грешите. Сигурно пример ете таа личност 55 години не го интересира за Ден на дрвото како се славело во ГУЦ или Патронатот во ГУЦ. Може го интересира за цигарите или Вевчани ама за дрвото и патронатот 100% не.
    Пак, немојте да се навредите и налутите.

    ReplyDelete
  4. Овој блог е комбинација од два претходни. Односно текстовите кои ми се допаѓаа од тие два ги префрлив тука и продолжив во „необавезен“ стил. Тоа се случи по „Ослободување“, откако решив повеќе да не пишувам наменски текстови за ГУЦ. И уште еднаш, да, го читаат најмногу ученици заради моето опкружување. (Иако мене лично не ми е важно дали некој воопшто чита, бидејќи јас пишувам заради внатрешна потреба, не за реклама, а овој интернетски простор ми се виде згоден).

    ReplyDelete
  5. Добро! Одсега па натаму ќе знам и ќе бидам внимателен со коментарите. Извинете ако се чувствувате навредена. Поздрав

    ReplyDelete
  6. Воопшто не се навредив бидејќи немаше ништо навредливо во твоите зборови. Не мора да бидеш многу внимателен, твое право е да имаш свое мислење. Поздрав

    ReplyDelete
  7. Билјана, прекрасен блог! Само продолжо. Искрено кажано ме засрами малку со тоа како човек најдобро да го троши своето време. И секако ќе те читам!

    ReplyDelete