18.2.10

Струмички карневал 2010

И оваа година си учествувавме на Струмичкиот карневал. Минатата година толку убаво и весело си поминавме што не ни помисливме оваа година да ја прескокнеме. Сега бевме поорганизирани, но времето малку ни го расипа севкупното задоволство.Во Струмица и низ цела Македонија плакатите и билбордите беа со нашата минатогодишна маска и тоа ни создаваше чувство како да сме домаќини.
Дента шетавме, си биравме маски, јадевме и ...
се дошивавме и шминкавме во хотелските сопчиња.

Нашите весели девојчиња го привлекуваа вниманието на посетителите.
На крајот дождот ја избрка речиси целата публика, а ние за среќа имавме каде да се исушиме барем малку.
Најмногу жалам што ја немаше градската улична журка како лани.
Сепак, супер си поминавме.

4 comments:

  1. Што било убавоооо. Блазеси ви што сте биле гостин на еден вбаков прекрасен настан. Се надевам по сликите на фб весело било, а? Поздрав

    ReplyDelete
  2. Koja maska (maski) vi ostavi vpecatok???

    ReplyDelete
  3. i po 4dena seuste cekm odgovor za komentarot anonymous posledniot
    ajde

    ReplyDelete
  4. Искрено, да имав што да кажам, ќе кажев уште пред 4 дена.

    ReplyDelete