за сите лични, патриотски и други коментари -
Билјана Богданоска
15.2.10
Рајко
Приказната за Рајко е надоврзување на приказните за св. Трифун и водолиите.
Рајко Жинзифов, се родил и умрел на 15. февруари.
Неговото крстено име било грчко, Ксенофон Ѕинѕиф (според презимето Влав), кое под влијание на Димитар Миладинов си го сменил. Какви биле националните чувства на Ѕинѕифа во моментов не ме интересираат. Интересно е што тој, роден еден ден по св. Трифун, во далечната и студена Русија каде студирал, му се предал на порочниот светец (односно, му се предал на алкохолот). Во прилично депресивна состојба, славејќи го својот празник (и роденденот и св. Трифун) претерал во целосното „предавање“ и си умрел (на својот 38 роденден).
Мојот блог е мојот свет во кој се добедојдени сите: да прочитаат, да разменат мислење, да видат фотографии. Но, сепак, мојот блог е моја сопственост со авторски права. Текстовите и фотографиите се мои и никој нема право да ги употребува како свои. Чесно е барем да се наведе изворот (авторот) и да се стави врска.
No comments:
Post a Comment