Ај, доста со емоции, да си се вратам јас на филозофија и да си „кулирам“ во светот на рамнодушието.
Последно од филозофија беше Сократ, а тука продолжувам со неговите следбеници...
Вистинските следбеници на Сократ, поради ставот на Атина (смртната казна која се извршува врз него), го напуштаат градот.
Еден од првите следбеници и почитувачи е Ксенофонт кој напишал неколку списи за својот учител од кои дознаваме за животот, но не и за суштината на Сократовата филозофија, зашто тој се обидел да го брани од клеветите.Подоцна Платон, пак, целокупното творештво му го посветува на Сократ.
Но, како вистинско надоградување на Сократ се појавуваат неколку школи.
(Повторно морам да искоментирам дека македонските „философи“ имаат право што се мешаат во транскрипцијата на некои зборови од нивната стручна терминологија, но сепак дали некој од обичните Македонци го разбира зборот КИНИК? Точно е дека е погрешно транскрибирано, но кога веќе некој збор се употребува долго време, тешко дека една мала група ќе може да ја исправи грешката. Овој збор во македонскиот речник и правопис е влезен како ЦИНИК, па тоа ти е... Дури смешно е сега да кажеме дека некој „кинички се смее“ или „кинички гледа“, кога тоа го знаеме како цинички, цинизам, циник...)
Циничката школа (киничка) ја предводел Антистен, родум од Атина, но од мешано потекло. Татко му бил Атињанин, а мајка му робинка од Тракија. На честите задевања дека е од „нечисто“ потекло, тој им одговарал на „чистите“ Атињани дека им е мала предноста, зашто тие, но и скакулците и полжавите се исто така родени во Атина. Антистен сметал дека вистински слободен човек е оној чија среќа не зависи од секојдневните безбројни потреби. Човекот, многу често е роб на парите, на љубовта, на храната и пиењето итн. Според него, филозофијата е таа што го свртува човекот кон самиот себе, кон сопственото духовно самообликување и дека користа од филозофијата е таа што го учи човек да се дружи сам со себе.
Вториот, многу интересен и можеби најпознат претставник на оваа школа е Диоген. Тој со својот начин на живеење и однесување ја претставува својата филозофија. Таткото на Диоген имал менувачница и фалсификувал пари во што му помогнал и неговиот син. Заради тоа, Диоген избегал од домот и отишол во Атина каде сакал да му биде ученик на Антистен. Тој неколкупати го одбивал, но Диоген бил толку упорен што на крајот стариот филозоф го прифатил и му ги пренел своите знаења.
Диоген живеел бедно, во почетокот спиел на тремот од некоја јавна зграда, а потоа во буре. Тој е филозофот што дење одел низ улиците со запален фенер барајќи ЧОВЕК.
Напишал неколку списи, но своите ставови ги изразил автентично преку своите постапки. Појдовна точка во неговата филозофија е живеење според природата. Тој ги критикува сите цивилизациски „придобивки“ исмевајќи ги политичките, културните и религиозните предрасуди. Смета дека се што е природно не е срамно, па затоа сите свои природни потреби ги извршувал јавно, дури и на плоштадите.
Основата на природниот живот е слободата.
Најпрво, слободата се определува на внатрешен план - како владеење со себеси, со сопствените страсти и нагони.
Потоа, слободата се изразува со намалување од зависноста од безбројните секојдневни потреби. Диоген сметал дека боговите се слободни зашто немаат потреба од ништо. Затоа, тој се ослободил од сиот свој имот и имал само една торба, стап, наметка и мал сад за вода. Но, кога видел некого како пие вода од своите раце, го фрлил и садот како непотребен.
Друг вид слобода е ослободување од зависноста од „големците“. Често филозофите приклонувале кон владетелите и богатите, но Диоген и на овој план бил свој. Кога македонскиот крал Пердика го повикал да дојде во неговиот двор, Диоген одбил, а по заканата со смрт следел циничниот одговор: „Тоа не е никакво јунаштво, оти такво нешто можат да ми предизвикаат и болвите и пајаците“.
Една од најпознатите анегдоти е средбата на Александар Македонски со Диоген. Александар воодушевен што го сретнал големиот филозоф го прашал што може да стори за него. А Диоген мирно му одговорил дека може да се поттргне на страна за да не му прави сенка.
Слободата не е нешто што ни е дадено од бога. За неа треба да се избориме и да вежбаме. Кога му префрлиле дека во младоста фалсификувал пари, тој одговорил: „Вистина е дека во младоста бев како што си ти сега, но ти никогаш нема да бидеш ваков каков што сум јас сега.“
Врв на вистинската слобода е космополитизмот. За разлика од обичните граѓани кои се врзувале за своите градови - полиси, Диоген не бил врзан за ниту еден град и се сметал себеси за граѓанин на светот - космополит.
Патувајќи секаде, еднаш бил заробен на море и продаден како роб. Во новиот дом тој ќе се грижи за воспитувањето на децата, а неговите господари на крајот се погрижиле за неговиот погреб и крај гробот поставиле мермерна статуа на куче (симбол на цинизмот). Некои стари автори раскажуваат дека кога остарел и почувствувал немоќ, сам си го одзел животот така што престанал да дише.
________________________
Користена литература за сите текстови од филозофија до сега:
„Сократ“ Витомир Митевски
„Претсократовци“ Витомир Митевски
„Филозофија“ за четврта година реформирано гимназиско образование;Стефан Сидовски, Кирил Темков
„Светот на Софија“ Јустејн Гордер
„Историја на античката грчка филозофија до елинизмот“ Лазар М. Кескинов

Нити разбрав за Сократ, нити за следбениците на Сократ, ама баш за ништо.
ReplyDeleteАбе, кога не оди историја, не оди и не оди.
Со сила љубов не бидува (со сила учење не бидува)
Ова е повеќе филозофија од историја, ама и ти првиот чекор си го направил - нешто си прочитал. А, не разбирам како не си разбрал за Диоген? Колку бил интересен и необичен човекот (баш е фаца). Всушност не разбирам што не разбираш и што треба да разбереш?
ReplyDeleteАхах, сега се концентрирав, го прочитаа дури два пати и ми влезе во глава. Стварно било интересно, само треба тука да ти е умот, а не во фејсбук.
ReplyDeleteП.С. Инаку, тука старата слика а на фб нова, баш ви е убава,т.е. баш сте убава.
Инаку, баш е фаца...... хахаха