Софија значи мудрост, а фил - љубител, што значи, директен превод на зборот философ (ија) е љубител на мудроста. Во нашиот јазик без некоја особена причина се вкоренил зборот со промена на гласот с во з, па наместо философија, велиме филозофија. Сите дипломирани филозофи со право го користат изворниот збор, но она што еднаш е прифатено и стандардизирано тешко може да се искорени.
Под софисти во антиката се подразбирале мудрите луѓе кои ги подучувале другите, го споделувале своето знаење. Тогаш најголем срам било овие луѓе да земаат пари за својата „работа“. (Веројатно затоа и до ден-денес наставниците се малку платени, а голем дел од нив би работеле и бесплатно). Поради наплатувањето на своите подучувачки услуги „софист“ набрзо станал погрден збор. Најголемо внимание софистите посветувале на реториката и вештината да се докаже својот став без разлика дали е точен или не.
Денес под софистика го подразбираме токму ова - вештина на убедување (не водејќи сметка за вистината).
Старата софистика го доживеала својот врв во втората половина на 5. век п.н.е. во Атина, веднаш по Грчко-персиската војна. Тогаш Атина станува центар и собиралиште на мудреците и уметниците.
Всушност, многу е интересно што ниту еден филозоф до тогаш не потекнувал од Атина, туку сите биле од „периферијата на хеленскиот свет“ од каде е извориштето на европската филозофска мисла.
Талес од Тракија;
Елејците со Парменид од Елеја, јужна Италија;
Питагорејците избегале во Кротон, Италија;
Хераклит од Ефес , Мала Азија (Лидија),
Демокрит од Абдера, западна Тракија итн.Единствениот атињанин кој се појавува во времето на процутот - Сократ, самите си го осудиле на смрт. Парадоксално!

Едно со големи едно со мали букви??? ИМа некоја финта или??? Ново - ГЕТЕ. Браво.
ReplyDeleteКои букви?
ReplyDeleteПа ,,едни рецепти во љубовта“ се со големи а другите (родениден и софисти) со мали.
ReplyDeleteНемам поим, нешто со рецептите ќе да е проблемот.
ReplyDeleteСигурно тоа ќе да е. :)
ReplyDelete